еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во декември три нови случаи на ХИВ во Скопје, Струга и Свети Николе

Во текот на минатиот месец, пријавени се три случаи на ХИВ, стои во најновиот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заболувања во Македонија во декември лани.

Не се пријавени лица со СИДА.

-Трите пријавени лица се од машки пол.

Според местото на живеење едно лице е од Скопје, и по едно лице од Струга и Свети Николе.

Лицата се на возраст од 30-44 години.

Едно лице е хетеросексуалец, 1 лице припаѓа на групата МСМ, а за едно лице начинот на трансмисија е непознат.

Во текот на месец декември не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.12.2022 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2022 година, изнесува 586, и тоа: 123 лица починале, а 463 лица живеат со ХИВ/СИДА, стои во билтенот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнести Интернешнл: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата во Македонија

Редакција

(Фото) 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје: Девојчето Гудвин Мец од Германија целата заштеда во касичка ја испрати за настраданите

Редакција

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора, граѓаните избираат помеѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ

Редакција