еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во ДИК исплаќани надоместоци без мерливи критериуми и комплетни документи, откри државна ревизија

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија (ДИК) на сметката на основен буџет за 2019 година.

Ревизорите изразија неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи, за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, информираат од ДЗР.

Ревизорите извршиле ревизија и на одобрените средства за изборните активности во 2019 година, за спроведените избори за претседател на државата и за предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар.

-Ревизорите утврдија дека од вкупно 80 Општински изборен комитет (ОИК), до ДИК не се доставени извештаи за работа од 25 ОИК, односно 31 отсто, иако е обврска согласно Изборниот законик, врз основа на кој се пресметува и исплаќа надоместокот за извршениот ангажман.

Во однос на исплатата на парични средства за тековни трошоци кои настануваат во врска со извршување на изборните активности на секоја општинска изборна комисија, ревизорите констатираа дека се извршени исплати на средства кај дел од ОИК без соодветна и комплетна финансиска документација, стои во соопштението од ДЗР.

За спроведувањето на изборите за претседател и за предвремени избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар во 2019 година, за лицата кои се членови во Избирачките одбори (претседател, членови и нивни заменици) исплатени се вкупно 133 милиони денари, врз основа на донесена одлука.

Овие средства, како што се наведува, се исплатени врз основа на податоци внесени од страна на општинските изборни комисии за исплата на надоместокот за избирачките одбори.

-Ревизијата не беше во можност да изврши споредба на податоците внесени од страна на ОИК со податоците од одлуките за исплата на надоместоците изготвени од страна на ДИК, заради непрезентирани и незачувани податоци во веб апликацијата (електронски или во хартиена форма), се вели во соопштението.

Дополнително, ревизорите утврдиле дека за вкупно 154 лица ангажирани во помошните тела и лица вработени во стручната служба на ДИК, се исплатени средства во вкупен износ од 5 милиони денари.

Со извршената анализа на исплатата на надоместокот по овој основ, ревизорите утврдиле дека надоместокот за работни компетенции и работна успешност како дел од вкупниот надоместок, е исплатен врз основа на критериуми кои не се квалитативно определени и мерливи.

Со извршената ревизија на редовното работење, ревизорите утврдија дека Државната изборна комисија нема извршено попис на средствата и извори на средствата согласно законските и подзаконските акти, што има за ефект неможност од потврдување на реалноста и објективноста на искажаните состојби на средствата и нивните извори и намалување на квалитетот на финансиските извештаи и информациите што ги даваат.

Во делот на спроведување на постапките при доделувањето на договорите за јавни набавки, во ревизорскиот извештај се наведува дека, воспоставениот начин на спроведување на постапките со преговарање без објавување на оглас не овозможува еднаков третман и конкуренција помеѓу економските оператори.

-Во делот на ревизорскиот извештај кој се однесува на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, обелоденети се состојби кои може да предизвикаат идни финансиски импликации и влијание врз работењето на ДИК, а кои се однесуваат на процесот на спроведување и реализација на постапките за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и набавка на телевизори кои ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови за заштита и одржување на растојание поради Ковид-19, кои ДИК ги има спроведено за потребите на спроведување на предвремените парламентарни избори во 2020 година, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Виктор Панчевски

Редакција

Македонија близу до 2.000 починати од Ковид-19

Редакција

(Фото) Румен Радев ги покажа мускулите

Редакција