еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во февруари зголемени просечните каматни стапки на вкупните кредити и депозити

Просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити во февруари бележат раст.

Податоците на Народната банка покажуваат дека месечното зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари изнесува 5 проценти, а на депозитите еден процент.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,63 проценти и е повисока за 0,03 процентни поени споредено со јануари. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити има месечно зголемување од 0,03 ппроцентни поени и таа изнесува 5,22 проценти.

Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е непроменета во однос на јануари и изнесува 5,34 проценти. На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,20 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,18 проценти и бележи месечно зголемување од 0,37 процентни поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачниот пар

Редакција

Македонија доби нов извор на течен природен гас: Терминалот „Александрополис“ на Гастрејд започна со работа

Редакција

ОЈО Охрид оформи предмет за регистрацијата на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ 

Редакција