еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Грција почнува процедурата за ратификација на Договорот од Преспа, се очекува да биде изгласан до петок

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана пленарната седница.

Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок.

Како што во саботата објави МИА, нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција, што е под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите кои што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“, содржи три члена.

Првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на покревање на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.

Нацрт законот, со датум од 18 јануари 2019 година, е потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата влада.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

(ВИДЕО) На протестот за името Македонија во Атина сериозни инциденти и повредени најмалку 15 лица

(ВИДЕО) Шок бомби, солзавец и пиротехнички материјали за крај на протестот за името Македонија во Атина

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови предлог-мерки: Забрана за организирање на настани, скратување на работното време до 23 часот и редуциран капацитет во јавниот превоз

Редакција

Груевски до 8 ноември треба да се јави во затвор

Редакција

Петиција за преименување на улицата каде се наоѓа Руската амбасада во “Украинска“

Редакција