еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 889 случаи на Ковид-19, оздравени 1.228, десет починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 12.08 до 14.08.2022 година) направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите три дена пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022 година.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврејската заедница згрозена од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид, кој е докажан соработник на нацистите

Редакција

Убава вест: 38 оздравени од Ковид-19

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза минатата година

Редакција