Владата на седница ја усвои Информацијата и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територија на Македонија поради учество на вежбата „Swift Response – 22“.
-Со оваа одлука, Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во владиното соопштение. Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „Defender Europre22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.Фото: МО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.