еМагазин
Локално

Во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани 371 дете

Министерство за здравство информира дека до 14 часот, во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани се вкупно 371 дете.

„Состојбата на пациентите, кои се заболени од морбили е стабилна, во моментов се утврдува клиничката и лабораториска слика за уште едно дете, за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници (морбили)“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

ЈЗУ Клиниката за Детски болести исто така информираа дека ја поддржува иницијативата за имунизација на децата со МРП вакцина. Од имунолошки апсект е оправдана имунизацијата со што се заштитува детето, но придонесува и за искоренување на болеста.

„Морбилите-ситните сипаници можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето и животот на заболените.Ги повикуваме сите родители да ги вакцинираат децата кои се невакцинирани . Вакцините се квалитетни и безбедни, и се единствен начин да се заштити колективниот имунитет“, се вели во соопштението на Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Невакцинирани деца од МРП вакцината нема да се пуштат во градинките во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со метална шипка им се заканувал на вработени во „Македонски пошти“

Редакција

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство врз жената со која живеел

Редакција

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП

Редакција