еМагазин
Image default
Бизнис

Во скопскиот регион се создава половина од македонскиот БДП

Скопскиот регион има најголемо учество во бруто домашниот производ во Република Македонија, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци што се однесуваат на 2016 година, најмало учество имаат североисточниот регион со пет отсто.

Бруто домашниот производ во 2016 година вкупно изнесувал 594.795 милиони денари. Во скопскиот регион изнесувал 256.308 милиони денари, во североисточниот 29.655 милиони денари, а во останатите регионо меѓу 42.000 и 65.000 милиони денари.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиотрегион со индекс 143.4, Југоисточниот регион со индекс 119.1, Вардарскиот регион со индекс 105.3.

Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Охридска банка за 181.000 евра

Редакција

ГСОЛ/ Еуроникел достави дополнет план за реорганизација на ФЕНИ Индустри, согласно барањата на судот

Редакција

Трговците ги доставија своите предлози до Владата, за намалување на маржата

Редакција