еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Србија ќе се забрани продажба на електронски цигари на малолетници и пушење на автобуски постојки, детски игралишта, спортски настани…

Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека започнува со изработка за измени на Законот за заштита на потрошувачите, а како што е наведено на веб-страницата на Министерството, измените ќе бидат во делот што се однесува на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно беше најавено дека електронските цигари ќе бидат забранети на сите затворени јавни простори, фирми и угостителски објекти, што е предвидено со новиот предлог-закон за забрана за пушење во затворени простори.

Министерката за здравство д-р Даница Грујичиќ, иницијатор за забраната за пушење е за строги казни кога е во прашање забраната за пушење и како што изјави, „утре би вовела целосна забрана за пушење во затворени простории“.

-Законот е завршен, сега оди во Законодавниот дом да се усогласи со другите закони и да се види дали треба да се сменат некои членови. Она што е важно е казнената политика, која мора добро да се спроведе, односно инспекциите да одат на контрола. Затоа што ако му наплаќаш на некој 5.000 динари кому е полна кафеаната и е зачадено, тогаш ништо нема да направиме. Но, ако треба да плати казна од еден милион динари, тогаш мислам дека ќе размисли, истакна Грујичиќ.

Како што потврдија од Министерството за здравство, затворените простори не се единствените места каде може да се забрани пушењето. Списокот вклучува и многу посетени делови од градовите.

-Ќе биде забрането консумирањето чад од тутун и од електронските цигари на автобуските постојки, детските игралишта и спортските настани, потврди помошникот министер за здравство Јелена Јанковиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО ја стави новата варијанта на Ковид-19 под надзор

Редакција

(Видео) „Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

Редакција

(Видео) Обвинет запроси обвинета на читањето на пресудата за „Софтвери„

Редакција