еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во тек е идентификацијата на жртвите, списокот на патници испратен за Скопје

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија, изјави директорото на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во соодвтена состојба и можат да дадат исказ.

– Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите, рече Сарафов.

Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Јавниот обвинител на С Македонија, Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа.

Шефицата на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс“ функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите.

Според првичните информации, автобус бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на теритоиријата на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

„Беса Транс“ имала важечка лиценца за превоз, седиште и е во Ќустендил, а на адресата се регистрирани уште 23 фирми

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 10. декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата

Редакција

За една недела бројот на починати од Ковид-19 во Македонија зголемен за 58,1%

Редакција

Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло за јадење

Редакција