еМагазин
Image default
Балкан

Во Тирана затворена фабрика за месо, одземени 528 кг месни производи

Фабрика за месо е затворена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови. Во полициската акција насловена „Rotten meat“ уапсен е жител на Косово, јавија албански медиуми.

Уапсен е Арсим Чудрина (55) поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури. Запленетото месо било опасно по здравјето на потрошувачите.

Месото било користено за производство на брза храна, продавана без фискални сметки, неприкажување профит и затајување данок, наведува албанската полиција.

Косовецот ќе одговара за „прикривање приходи“,„производство и продажба на храна и други производи опасни по здравјето“, „нелегални вработувања“ и „измама на пазарот“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се пееше „Македонија славна“: Тензично и инциденти на прославата на Денот на независноста на Грција

Редакција

(ВИДЕО) Катарски емир му подари луксузен авион на Ердоган, вреден 367 милиони долари

Редакција

Драма на солунското небо: Пожар во пилотска кабина приземји авион на „Рајанер“ со 164 патници кој летал за Атина, а слета во Солун

Редакција