еМагазин
Image default
Локално

Во три акции полицијата заплени различни видови оружје

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б. (58) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира МВР.

На 22.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Черкези, при што пронашле и одзеле три пиштоли („Steyr Pieper Patent“ калибар 6,35мм, „Crvena Zastava M57“ калибар 7,62х25 мм и Smith & Wesson модел 422“ калибар 22LR) и 43 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С. (53) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 10.02.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Мала речица, при што пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава М57“ калибар 7,62 мм и рамка со осум куршуми.

Полициската станица Гевгелијаподнесе кривичнa пријавa против Н.Ќ. (49) од село Селемли, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23.05.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, про што пронапле и одзеле 72 куршуми од различен калибар и активирана чаура калибар 9 мм, за кои не поседувал дозвола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко се повредил откако со „Јамаха“ удрил во ѕид од куќата на соседот

Редакција

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција

(Видео) Возило на АРМ ќе се вклучи во гаснењето на пожарот во Чаир, кое оди тешко

Редакција