Во изминатите 24 часа ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес регистрирале четири нови случаи на заразени со Ковид-19, а еден починат, кој е тринаесетта жртва од реонот на Велес и Велешко.
Во овој регион денеска има 39 активни на вирусот.
На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова има 15 пациенти, од кои 14 се потврдени и еден пациент чека резултати од тест. Од нив четири пациенти се на кислородна поддршка.
МИА/Фото: Општина Велес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новозаразени со Ковид-19 од скопјанец, кој дошол на гости во Штип
Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.