еМагазин
Image default
Македонија

Германските екперти кои треба да ги утврдат причините за пожарот во Тетово се уште не се пристигнати

Јавното обвинителство (ОЈО) соопшти дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена.

– Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, истакнаа од ОЈО.

Од Обвинителство за МИА потврдија дека денеска во посета на опожарената модуларна болница во Тетово заедно со обвинители од тетовското Јавно обвинителство не биле германски експери, како што јавија повеќе медиуми, туку дека станува збор за претставници од Амбасадата на Германија во земјава кои не се поврзани со истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков има три услови за Македонија, Вархеји сака договор во јуни

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 974 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Редакција