еМагазин
Image default
Македонија

(Во живо) Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Кај ТЦ Мавровска претпладнево почна уривањето на дивоградбата.

Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.

Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Рушење на објектот пред Мавровка

Posted by MИА.mk on Среда, 02 септември 2020

Владата на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од седум дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

МИА/Фото/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи: Ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги

Редакција

ЗНМ: Полиција или цензори, скандалозно избришан видео запис на ТВ21

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција