На Фејсбук страната на министерот за здравство, Венко Филипче, јавноста во живо имаше можност да го проследи процесот на имунизација во земјава со вакцинирање на првите двајца здравствени работници од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби
Вакцинацијата започнува со здравствените работници кои работеле и работат со ковид пациенти.
Тоа се здравствените работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, болницата во Козле, клиниките во склоп на интерните клиники кои хоспитализираа пациенти, а од следната недела и медицинските лица во болниците ширум државата, како и приватните болници.
Филипче очекува дека за десетина дена ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти.
Фото: Photo by Steven Cornfield on Unsplash