еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Волстрит журнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, според „Волстрит журнал“, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19. Сепак, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19.

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени.

Во таен извештај на разузнавачките служби на САД, што циркулираше за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца научници од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле болни и побарале болничка нега.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложена екстрадицијата на Асанж од Британија во САД

Редакција

Кој ќе го наследи Столтенберг на чело на НАТО: Како се избираат кандидатите и кој е во игра

Редакција

Регистрирани 21 нов случај на заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција