еМагазин
Image default
Балкан

(Возенемирувачко видео) Случајот со убиството на девојка на Родос излезе од контрола, еден од осомничените претепан во затвор

Топ тема деновиве во Грција е убиството на младата Eleni Topaloudi (21), која беше убиена на грчкиот остров Родос, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Според грчките медиуми, неофицијално, таа се уште била жива, додека била фрлена врз карпи од кои завршила во морето покрај плажа во близина на Линдос.

Според локалните медиуми, таа молела да биде спасена и однесена во болница.

За грозоморното убиство, кое ја шокира Грција се осомничени две лица, кои моментално се во затвор, едниот е Грк (21), а другиот етнички Албанец (19).

Како што објавуваат грчките медиуми деновиве, девојката неофицијално била во врска со Албанецот, кој ја однел во куќата на таткото на Гркот, каде и тој неофицијално се обидел да има секс со нејзе.

Откако таа се спротиставила најверојатно била удрена со метален предмет, шпекулираат локалните медиуми.

Денеска во грчките медиуми осамна видео од тепањето на Албанецот во затвор, кој е пренесен во болница. Тој како што пренесуваат грчките медиуми тврди дека бил и силуван, но прегледот од лекарите го покажал спротивното.

Тој сега е префрлен во друг затвор.

И двајцата осомничени тврдат дека се невини за убиството и нивната улога во него, и се обвинуваат меѓусебно, па затоа во моментот никој не знае што точно се случило и како работите излегле од контрола.

Случајот може да добие и политичка димензија по четирите убиства на Албанци низ Грција периодов и убиството на Грк во Албанија.

Деновиве излезе уште една шокантна информација за Eleni Topaloudi. Грчките медиуми неофицијално објавија дека пред една година била силувана од две или три лица, го пријавила случајот во полиција, но наводно немало епилог.

Неофицијално од чинот има и видео, со кое можеби девојката била уценувана.

Видео: News This/Thrakinet TV Channel/Фото: fimes.gr/ethnos.gr/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Масовен протест на граѓаните во Белград: Се најавува и во други градови

Редакција

(Видео) Српскиот претседател Александар Вучиќ се расплака пред 20.000 граѓани на Ниш

Редакција

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција

Редакција