еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Втора жртва: Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од морбили

Тринаесет месечно дете почина вчера попладне од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе и претходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.

„Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување“, стои во соопштението.

Министерството додава дека вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбр Адеми, претставник на ДУИ во работната група за уставни измени

Редакција

Убава вест: Бројката на оздравени од Ковид-19 е повиска од бројот на заболени и изнесува 920

Редакција

Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето

Редакција