еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вучиќ: Српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, Ковачевски му реагираше на Курти за Тетово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград.

-Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти…., рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски министер изјави дека признавањето на Косово од страна на Македонија ќе и се удри од глава, реагираа Ковачевски и Вучиќ

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гази Баба и Аеродром на врвот: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Кој е Зуди Енузи Кока, новиот директор на МЕПСО

Редакција

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Редакција