еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег, задоволни сме ако и соседите бидат задоволни

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата на која беше најавен почетокот на денешната масовна имунизација во Србија, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни, јави дописникот на МИА од Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите најмногу сакаат да се вакцинираат со „Спутник V“: Србија утре почнува со масовна вакцинација

-Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми.

Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме.

На премиерот Зоран Заев, кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна и Херцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урнебесни коментари на Твитер по најавата дека Србија ќе ни даде 8.000 вакцини против Ковид-19

Србија на Македонија ќе и даде 8.000 вакцини од „Фајзер“ по набавна цена

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Пендаровски во историска посета на Грција: Како го пречекаа и за што разговараше со претседателката Сакеларопулу

Редакција

Владата издвои 6 милиони денари помош за Грција

Редакција

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември ќе го отворат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Редакција