еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ за извисувањето на Македонија и Албанија од ЕУ: „Мораме да градиме најблиски односи и да не очекуваме ништо од никого“

По повод извисувањето на Македонија и Албанија во преговорите со Европската Унија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тоа е нефер кон двете држави, кон граѓаните и властите.

Оттука тој најави дека на 29 јуни ќе има важна видеоконференција со македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама, а состанокот е за иницијативата Мини Шенген.

Преку Мини Шенген идејата е државите да обезбедат брз проток на стока, капитал, луѓе и услуги.

„Во Србија ќе имаат искрен пријател и со нив ќе ја унапредуваме соработката,“ изјави Вучиќ и додаде дека пораката од ЕУ е разбрана.

„Мораме да градиме најблиски односи, да станеме посилни и да не очекуваме ништо од никого, туку да веруваме во себе си и да ги туркаме нашите земји напред“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ продолжува да дозволува Бугарија да си игра мајтап и со неа и со Македонија и со регионот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портокаловата фаза продолжува, и во наредните денови температури над 40 степени

Редакција

Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија

Редакција

Нови 320 случаи на Ковид-19 од 3.366 тестирања

Редакција