еМагазин
Image default
Да помогнеме

За Јана Арсовска се отворени донациски броеви: После две трансплантации потребна е имунотерапија

Јана Арсовска на нејзиниот фејсбук-профил сподели низ што се поминала последните неколку години поради заболување од канцер и информираше дека била одбиена од државата за финансиски средства за нега.

За Јана се отворени донациски броеви:

Нејзиниот статус го пренесуваме во целост со цел, да допре до надлежните и да се преиспита одлуката:

„2015- дијагностицирана со адултен неуробластом на 29 год. детска дијагноза, опасен малиген тумор за кого нема протокол официјален за возрасни. Примени 7 опасни хемотерапии + 10 дена строга изолација за MIBG терапија што во МК не постои + трансплантација на матични клетки (исклучително тежок период, месец дена изолација).

Потоа следуваат контроли, но се работи за агресивен канцер и после година дена болеста ми се врати. Следува: 4 циклуси нови хемо + радиотерапија (и денес имам нус појави, ужасен дерматит/ изгореници на десната нога, лимфен едем и со месеци одам со штаки) + втора трансплантација на матични клетки.

Следен чекор се предлага имунотерапија, еден циклус чини околу 80. евра… + месеци во Германија, далеку од дома, од најблиските + панични напади + страв + пропуштам втора сезона да не ја работам поради нус појави кои не се воопшто наивни!

И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа се уште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА!

Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници. Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука.

Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна… само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!! Ве сакам другарчиња, нека Бог ве чува сите, па и мене“, вели Арсовска.

Фото: Фејсбук/Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пејачот Ѓоко Јовиќ на свирка со неговиот бенд собраа близу 1.000 евра за лекување на Симона Николова

Редакција

Семејството, роднините и полицијата трагаат по исчезнатите триесет и двегодишна кумановка и нејзина малолетна ќерка

Редакција

Потребни сме ѝ на Искра Гашевска за да продолжи со лекувањето, борбата со канцерот трае

Редакција