еМагазин
Image default
Локално

За еден ден казнети 128 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (15.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 128 возачи, соопшти МВР.

„Од нив, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информира МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени 11 танчерки во гостварското село Чегране

Редакција

(Фото) Како изгледа новиот булевар АСНОМ во Скопје, по кој ќе може да се вози од утре

Редакција

Струмичкото Обвинителство ги чека токсиколошките анализи за причините на смртта на момчето пронајдено кај Ново Село

Редакција