Советот на Европската Унија (ЕУ) ја усвои препораката со која на лицата кои патуваат од трети држави во ЕУ за било која причина, ќе им биде потребен негативен ПЦР тест за Ковид-19, не постар од 72 часа.
Оваа препорака подразбира и можност на воведување на самоизолација, карантин и следење на контактите на овие патници во период до 14 дена, а оваа мерка посебно ќе се применува на патници кои доаѓаат од трети земји во кои е откриен некој нов загрижувачки вид на Ковид-19.
Според новите правила, ЕУ ќе ги укине ограничувањата за патување на лица од земји кои немаат повеќе од 25 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во рок од 14 дена, кои имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните 7 дена со не повеќе од 4% позитивни тестови.
Ограничувања на патувања во ЕУ повторно ќе бидат воведени за оние земји каде епидемиолошката ситуација се влошува, а особено кога ќе се откријат нови видови на Ковид-19.
Фото: Влада