еМагазин
Image default
Локално

За празниците дежурни лекари во сите скопски поликлиники

Службите на Здравствен дом на Скопје во тек на престојните празнични денови ќе обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиниката Идадија,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт.

Од Здравствен дом на Скопје посочуваат дека саботното дежурство на 27 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

– Им препорачуваме на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини, стои во соопштението на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му зел 54.500 евра на иселеник во САД за нива што не била негова

Редакција

Обезбедени првични 80 милиони денари за спасување на Преспанско Езеро

Редакција

МВР со детали за тепачката на „Рузвелтова“: Тешко повредено едно лице, еден во бегство

Редакција