Македонците на интернет најмногу зборувале и учествувале на Фејсбук и тоа 64.8% од интернет корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8%, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија во најновото истражување на состојбите во е-трговијата.
„Што се однесува до користење на интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6%) многу повеќе од жените (60,9%) учествувале на социјалните мрежи. Исто така спрема минатата година намалено е користењето на интернетот и за телефонирање, праќање/примање на електронска пошта“, вели Ангеловска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мажите во Македонија повеќе од жените се на социјалните мрежи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.