еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја преставуваат Македонија на Светскиот економски форум во Давос, потврдија од Владата за еМагазин.

Самитот почнува утре, а ќе трае до 25 јануари.

Во рамки на самитот Заев ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и други високи учесници на Самитот.

Интересно е дека годинава во Давос меѓу 3.200 претставници нема да бидат шефовите на држави на САД, Франција Русија и Кина, ниту еден од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Темата на овогодишниот состанок е: „Глобализација 4.0 – Обликување на светската архитектура во време на четвртата индустриска револуција“.

Фото: Ројтерс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Макрон и Путин не доаѓаат на самитот во Давос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Редакција

Бројот на говеда лани намален за 20,1%

Редакција

Опозицијата со 3.000 амандмани ја блокира промената на Деловникот која би овозможила онлајн работа на Собранието

Редакција