еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следна средба на Заев и Ципрас на Халкидики

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за ТВ21 најави дека македонскиот премиер Зоран Заев ќе му биде гостин за време на летниот одмор што ќе го помине на Халкидики.

Заев деновиве најави дека ќе одмара дестина дена, но не кажа каде, а како што е познато неговото пошироко семејство има имот на Халкидики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев планира одмор на Јадранско море, Турција или Грција, а ќе има и викенд-дружба со Ципрас

(Фото) Заев му посака добредојде на Ципрас во Охрид

Само одморен човек е ефикасен, вели Заев, кој ќе користел 10 дена одмор

Ципрас рече дека таму ќе ја имаат следната средба, на која “ќе евоцираат спомени“.

– Знам дека го поминува одморот на Халкидики и се договоривме годинава да се сретнеме порелаксирано. Веројатно и да се потсетиме на тешките моменти и да поразговараме за иднината, затоа што колку што постигнавме досега, да постигнеме уште повеќе во иднина, рече Ципрас, кој деновиве беше во Охрид во рамки на „Преспа форум за дијалог“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Ципрас од Охрид ја повика Бугарија да направи исчекор напред

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку до 7 февруари на сите за влез во Грција ќе им треба ПЦР или рапид тест

Редакција

Барањето за преиспитување на пресудата за Јанакиески за „Титаник“ е неосновано, одлучи Врховен

Редакција

Нова реалност: Нема да има странски навивачи на Олимписките игри во Токио

Редакција