За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.
„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните, внатре и на добрите односи со соседите.
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности,“ напиша Заев.
Ова е прво произнесување на премиерот, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека има ново мнозинство во Собранието, за изгласување на недоверба на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Собрание поднесена иницијативата за гласање на недоверба на Владата
Фото: Влада