еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Социјалдемократи од Северна Македонија, една од идеите за ново име на СДСМ

Премиерот Зоран Заев најави промена на името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Социјалдемократи од Северна Македонија. Тоа, како што најави претседателот на СДСМ, би се случило на некој од следните конгреси.

„Откако се случија уставните промени, сме одржале само еден конгрес, и тоа онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во СДСМ.

Дури дадовме информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија.

Има и други идеи, ние отворено и транспарентно ја отворивме дебата заради тоа што апелираме до сите да постапуваат согласно Уставот и законите и ние секако треба да бидеме пример за тоа,“ рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик за донации за Владо Ангелов, вработен во МРТ, потребна му е трансплантација на црн дроб

Редакција

Општина Пробиштип склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 290 илјади евра

Редакција

(Видео) Масакр на Шри Ланка: Најмалку 100 загинати и над 250 ранети во серија експлозии

Редакција