еМагазин
Image default
Македонија

Заев поднесе предлог-состав и програма за работа на новата Влада во Собранието

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска до Собранието достави предлог-состав и програма за работа на новата Влада.

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава.

Мандатарот очекува на почетокот на следната недела веќе да има нова Влада. Заев изјавата ја даде пред главниот влез на Собранието, а со него беа и 19 министри, колку што ќе има новата Влада, наместо досегашните 26.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.

Зоран Заев го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски на 13 август, по што имаше рок до 2 септември за доставување на предлог-составот и програма на Владата.

Според уставните и законските одредби, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се ќе биде дел од новата Влада: Заев денеска ќе го достави до Собранието предлог составот

МИА/Фото: Фејсбук/Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Редакција

МНР за изјавата на Каракачанов: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство

Редакција

Владата одлучи: Со одредени исклучоци, се укинува носењето маски во затворeни простории

Редакција