еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев поради лошите временски услови не отпатува во Драч кај Еди Рама

Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч, каде што требаше да учествува на неформалната средба на премиерите од земјите на Западен Балкан, соопшти владината прес-служба.

На состанокот во Драч чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, треба да се расправа за регионалната економска интеграција.

На состанокот се поканети еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а дваесетина се повредени.

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викторија Лоба искрено за нејзиното липо-искуство за слабеење: Барав конкретни резултати во тесен временски период, а добив и повеќе од тоа!

Редакција

Во Чернобил нема струја, може да има истекување на радиоактивни материи

Редакција

Откако синоќа повторно беше вклучен, денеска се проверува заштитата на генераторот на Блок 2 во РЕК Билола

Редакција