Веднаш откако министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во самоизолација, Заев се огласи на неговиот фејсбук-профил.
„Би сакал да Ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19.
Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица.
Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори,“ напиша Заев на Фејсбук.
Фото/Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев
Мицковски: Ќе ги слушам препораките на здравствените работници и ќе останам во изолација