еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер

Премиерот Зоран Заев демантираше дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред да ја напушти државата, додавајќи дека таа иинфомрација веќе ја демантирал на медиумот кој ја објавил и дека е тоа објавено.

-Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со господинот Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот, во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април.

Тоа беше таму, во Парламeнтот, кога разговаравме за одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори, одговори Заев на новинарско прашање при денешната работна посета на Струмица.

МИА/Фото: Заев/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Четкар: Ако се уште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на македонскиот народ и држава!

Редакција

Собраниската Комисија едногласно и без дискусија донесе одлука Јанева да биде разрешена

Редакција

Во декември и јануари, над 170.000 граѓани биле сликани за пасоши

Редакција