Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по договорот со Алтернатива, коментираше за Венко Филипче, имајќи предвид дека тој нема да биде министер за здравство, бидејќи со тој ресор ќе раководи Алтернатива.
-Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тој е мој пријател, покрај тоа што е соработник.
Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува
Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива
Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници
Фото: Фејсбук/Заев