Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител за промената на министерот за финансии Драган Тевдовски потенцира дека единствената причина е неговото влегување во ова Министерство, а не незадоволство од работењето на министерот.
„Се работи за министер и министерство кое ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случаија во државата или дефинитивно претставува од тие што направија најмногу реформи.
Така што благодарение на тоа Министерство се зголемија минималната плата, се укина радиодифузната такса и се обезбедија финансиски средства, преку самото Министерство се димензионираа политики кои овозможија подигање на социјалната политика.
Влегувам во последната фаза јас лично како политичар кој добил мандат од граѓаните дефиниран преку парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби.
Како што се зголемија социјалните помошти, верувам дека следуваат доста храбри чекори, доста решителни кои чест и одговорност ми е да ги носам јас и во таквите храбри и решителни чекори да постигнеме сериозни ефекти во зголемувањето на просечната плата“, рече премиерот.
Тој додаде дека доколку бидат перформансите доволно добри ќе донесе и храбри одлуки и во делот на зголемување на пензиите со таргет од 1 јануари 2020 година, кое, како што потенцира, дефинитивно ќе значи чувствување на граѓаните на придобивки од севкупните економски политики.
МИА/Фото:Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник