еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Законот за намалување на данокот „заглави“ во Собрание: Сметките за струја ќе се плаќаат по старо со 18% ДДВ

Се додека Собранието не ги донесе потребните законски измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто, која е сега на сила, потврди денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Се додека Предлог законот не помине на Собрание и не се објави во Службен весник важи постојното законско решение, а тоа е дека сметките ќе доаѓаат со ДДВ од 18 отсто што е сега на сила.

Штом ќе помине законот во Собрание, од денот на неговото донесување ќе се пресметува 5 отсто ДДВ за домаќинствата за потрошена електрична енергија, прецизира Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека се разгледува можноста со пратенички амандман да се побара намаленото ДДВ да важи од 1 јули како што е првично определено во законското решение.

-Од формално правен аспект ќе се разгледува дали е возможно да се спроведе во пракса такво решение доколку има таква опција. Прашање е на време и на постоење на правна можност дали тоа може да се спроведе и да се реализира, рече Бесими.

Според него, јасна е намерата на Владата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто и целта ќе се постигне.

-Прашање е на денови или на недели кога законските измени ќе бидат усвоени во Собранието. Апелираме да има разбирање и колку што е можно побрзо овој закон да помине во Собрание, но секоја дискусија е легитимна и имаме разбирање.

Сепак, ова е едно од прашањата кое има директно влијание кај граѓаните и сметаме дека процедурата треба да се заокружи колку што е можно побрзо за сметките да доаѓаат со намалено ДДВ од 5 проценти, порача Бесими и ги повика пратениците што е можно побрзо да го донесат законското решение, затоа што, како што рече, е директен интерес на граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Параглајдерист се заглави на дрво во близина на Љубаништа, интервенираше Планинската спасителна служба од Охрид

Редакција

Макпетрол лани со 150 нови вработувања и инвестиции од 301 милиони денари

Редакција

Од Ковид-19 починале 20 лица, дополнително пријавени уште пет

Редакција