еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Замразнат имотот на Рашковски кој го подари на децата, а продолжен му е и куќниот притвор

Судот го замрзна имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го подари на децата, а му го продолжи и куќниот притвор.

“Во рамки на истражната постапка што се спроведува во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против четири лица, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка, предметниот јавен обвинител, со цел да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка, побара од Основниот кривичен суд – Скопје да определи привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање“, информираат од Јавното обвинителство.

Од Јавното обвинителство соопштија дека во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237 денари.

“Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага.

Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – Забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп.

Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – Забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари“, се вели во соопштението.

Привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе да траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.

Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска открила дополнителни набавки на Рашковски

Рашковски оди во куќен притвор

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Редакција

(Мапа) Во Куманово на 100 илјади жители, 272,6 заболени од коронавирусот, каква е состојбата по градови

Редакција