еМагазин
Image default
Локално

Заседава Кризниот штаб на Град Скопје поради најавата за обилни врнежи

Во пресрет на бурата „Андреа“ која што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

На состанокот беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.

„Апелираме на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, апелираат од таму.

Фото: Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни поплави: ДЗС ја зголеми мобилноста поради најавата за обилни врнежи

Влажниот бран пристигнува: Деновиве врнежи од преку 70 литри на метар квадратен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело “повреда на тајноста на гласање“

Редакција

Поликлиника Железара доби нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат

Редакција

Кумановец ја претепал партнерката со која живеел во вонбрачна заедница

Редакција