еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија засега нема да нарачува од вакцините „Спутник V“, кои почна да ги произведува Србија

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека нема да се прави нарачка од Србија, која што почна да ја произведува руската вакцина „Спутник V“.

Според министерот Македонија нарачало доволен број на вакцини, односно 2.600.000 и тоа 800.000 „Фајзер/Бионтек“ преку Ковакс механизмот и директни договори, 400.000 од руската и кинеската, 100.000 вакцини преку солидарниот фонд од ЕУ и 500.000 вакцини од кинески „Синовак“, со што би се заокружил процесот на вакцинирање.

На реакцијата за отсуство на вакцини за голем број на граѓани кои се во критични категории, односно се со ретки болести, имаат хронични белодробни заболувања, одат на дијализа, Филипче апелира на трпение, и смета дека пред летниот период ќе има задоволително темпо на вакцинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

200.000 кинески вакцини треба да стигнат на 28 април

20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат на 19 и 26 април

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кој дојде во Тиквеш кај Свето на младо вино

Редакција

Убава вест: 327 оздравени од Ковид-19

Редакција

Колкави приходи имала ГРОМ лани?

Редакција