еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зависи ли ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот од одлуката на Апелација за Груевски?

Се чека ли во ВМРО-ДПМНЕ одлуката на Апелацискиот суд по жалбата за двегодишната затворска казна за Никола Груевски за набавката на лускузниот мерцедес за партијата за да се изјасни во однос на референдумот за промена на името е прашање кое заслужува внимание.

Судот денес и утре треба да одлучува по овој случај, а ВМРО-ДПМНЕ веќе извесен период не се изјаснува за референдумот.

Коинциденција или пак добро смислена стратегија за максимален политички бенефит е дилемата која се наметнува по одолговлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе ги повика симпатизерите да излезат на гласање.

Останува времето да покаже дали власта и опозицијата ќе направат „пазар“ односно дали укинувањето на затворската казна за Груевски ќе биде услов за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за успешен референдум.

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот министер има 33 години: Правници и економисти доминираат во новата Влада

Редакција

Споредено со септември пораснала за 1.490 денари: Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари

Редакција

(Галерија+видео) еМагазин на Кикладите: Серифос – бисерот на Егејот

Петре Димитров