еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заврши увидот: Не се најдени остатоци од жената од Челопек, која неофицијално се води како прва жртва на пожарите

Извршен е детален увид на местото на опожарената куќа во Челопек, Старо Нагоричане, не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице и распишана е потрага, информираа денеска надлежните од МВР.

– Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане.

Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на отсекот за потраги, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во селото Челопек се трага по наводната прва жртва на пожарите во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Редакција

(Во живо) Голем број македонски граѓани Велигден ќе го дочекаат во Грција, покажуваат колоните возила на Богородица

Редакција

Заев реизбран за претседател на СДСМ

Редакција