Земјава денеска и утре ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза.
Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денов ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови и за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.
И во Скопје се очекува мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 40 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерство за здравство со препорака до граѓаните поради топлотниот бран
АХВ со препораки: Внимавајте од каде и каква храна купувате, избегнувајте кечаб, мајонез, сосеви
Ни претстојат пеколни температури, екипите на Црвен Крст на терен
МИА/Фото: Photo by Ethan Robertson on Unsplash