еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемено кредитирањето на компаниите и на граѓаните во декември

Во декември, вкупните кредити, забележаа месечен раст од 1,1%, којшто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Во споредба со истиот период од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 4,7%, во услови на поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

„Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор, бележат месечен раст од 1,9%, којшто при раст на кредитите во двете валути, во поголем дел се должи на зголемувањето на кредитите во денари.

Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 1,1%, целосно под влијание на растот на кредитите одобрени во странска валута, при забележан пад кај кредитите во денари.

Вкупните кредити на домаќинствата, овој месец, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, во целост заради растот на кредитирањето во странска валута.

Гледано на годишно ниво, кредитирањето на домаќинствата бележи раст од 8,0%, како резултат на зголемувањето на кредитите во двете валути, коешто е поизразено кај кредитите во денари“, информира банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се штеди и во време на пандемија: Народната банка регистрира пораст на депозитите во декември

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макстил лани работел со зголемена добивка

Редакција

„Супертрејд“ го доби тендерот на битолската Клиничка болница за набавка на мазут и масло за греење вреден 227.000 евра

Редакција

Народна банка поттикнува штедење во денари, со можност за зголемување на каматата од страна на банките

Редакција