еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Зголемување на ХИВ инфекциите кај хетеросексуалната популација, кои се симптомите

Досега годинава во Македонија се регистрирани 46 лица со ХИВ.

За разлика од претходните години повеќето од новооткриените ХИВ позитивни годинава се мажи од хетеросексуалната популација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинава се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, неделава ќе има бесплатни тестирања

Битно е секој кој има активен сексуален живот, да се тестира за ХИВ, бидејќи постои терапија која овозможува нормален живот и со ХИВ.

Кои се симптомите на ХИВ?

ХИВ има повеќе симптоми, но нема да се појават кај сите луѓе. Многу луѓе немаат никакви симптоми и може да живеат многу години без да знаат дека имаат ХИВ.

Има три главни стадиуми на ХИВ инфекцијата, со различни симптоми во секој стадиум.

Симптомите се менуваат во зависност во кој стадиум од ХИВ инфекцијата се наоѓате.

Не можете да знаете дали имате ХИВ само од симптомите. Единствениот начин да го дознаете вашиот ХИВ статус е да направите тест за ХИВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во октомври четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА, две лица починале

Кои се стадиумите на ХИВ инфекција?

Постојат три стадиуми на ХИВ инфекција доколку истата не се третира.

Стадиум 1: Настапува откако ќе се инфицирате со ХИВ и може да се чувствувате како да имате грип. Симптомите може да вклучуваат: треска (покачена температура), осип, воспалено грло, отечени жлезди, главоболка, стомачни проблеми или дијареја, болки во зглобовите и болки во мускулите. Но, не сите луѓе ќе го искусат ова.

Стадиум 2: Тогаш многу луѓе почнуваат да се чувствуваат подобро, но вирусот е активен и се размножува. Овој стадиум може да трае 10 години или повеќе. За тоа време може да немате никакви симптоми и затоа се нарекува асимптоматски стадиум.

Стадиум 3: Во овој стадиум вашиот имунолошки систем е многу оштетен и повеќе не може да се бори против сериозни инфекции и болести. Ќе се чувствувате многу лошо. Симптомите може да вклучуваат: губење на тежина, хронична дијареја, ноќно потење, треска, упорна кашлица, проблеми со устата и кожата, редовни инфекции и тешка болест.

Овие инфекции се познати како „опортунистички инфекции“ и ако дојде до одредени сериозни инфекции, тогаш се вели дека имате СИДА (што е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“).

Дали сите добиваат симптоми?

Не. Кај некои луѓе што примаат терапија не се појавуваат никакви симптоми за време на првиот и вториот стадиум. Тие може и да не знаат дека имаат ХИВ, но во меѓувреме може да го пренесуваат вирусот на други луѓе. Токму затоа тестирањето за ХИВ е толку важно, бидејќи не можете да знаете дали имате ХИВ само од симптомите.

Колку време треба за да се појават симптоми?

Ако ви се појават симптоми, тоа веројатно ќе се случи 2-6 седмици по инфекцијата.

Имам симптоми. Дали тоа значи дека имам ХИВ? Што треба да направам?

Ако имате симптоми не значи дека имате ХИВ. Единствениот начин да дознаете дали имате ХИВ е да направите ХИВ тест.

Дали терапијата ќе ги запре симптомите на ХИВ?

Антиретровирусната терапија за ХИВ ќе му дозволи на вашиот имунолошки систем да закрепне и ќе ги запре симптомите. Колку порано ви биде дијагностициран ХИВ и започнете со терапија, толку вашето здравје ќе биде подобро со текот на времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во септември регистрирани 4 случаи на ХИВ и 3 на СИДА

Во август 8 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија, три лица се странски државјани со привремен престој во земјава

Фото: МЗ/Користени информации на здружението ЕГАЛ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важи и за туристите: Во Грција од 15 јули повеќе привилегии за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19

Редакција

Европската комисија останува на препораката за старт на преговорите со Македонија, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Редакција

(Фото) Каролина на синоќешниот концерт ја „запали“ публиката, таа и возврати двојно

Редакција