еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Железницата се распаѓа, а Владата ќе ги „чести“ студентите и пензионерите бесплатно патување со воз

Владата на РМ на денешната седница меѓудругото ќе ја разгледа и информацијата за реализација на проектите: „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“, „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“, „Средношколска среда“ и „Бесплатен викенд за стари лица во железнички патнички сообраќај“, за 2018 година.

Колку и да е убава идејата на Владата да го заживее железничкиот транспорт со овие мерки се чини дека го утна денот за да решавата по овие прашања, бидејќи железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани.

Како што соопштија од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.

Така што, доколку набргу не се санира мостот, младите и пензионерите ќе можат бесплатно да се повозат со воз само до Велес и обратно.

Фото: Министерство за транспорт и врски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се распаѓа железницата: Во прекин сообраќајот Велес-Гевгелија, попуштил мост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следните денови стабилно и топло време, за викендот локален дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Затворени за сообраќај неколку улици во центарот на Скопје заради протестите

Редакција