еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жена починала на пат кон болница после тешка сообраќајка

На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај с.Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот, информира МВР.

По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Редакција

Со влекач „Сканиа“ ја „реновирал“ кабината на патарината кај Градско и побегнал

Редакција

Фуере: Многу од елементите на бугарската позиција се против она за што се бори ЕУ

Редакција