еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска во скопско кафуле, потврди македонската поп пејачка на својот Инстаграм профил.

-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот.

Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.

После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, напишаа таа.

Нападот го потврдија и од МВР.

„Е. Р. (37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е. Т. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од таму.

Фото: Фејсбук/Ристеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Што бе Белорусија фукнал далавера???„: Твитер реакции за грешката на Евровизија и искачувањето на Тамара на седмо место

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Бројни Израелци киднапирани од Хамас, најмногу деца и жени кои станаа “секс-робинки“

Редакција

Ќе биде ли Ѓорѓе Иванов првиот претседател „избркан“ од работа?

Редакција