Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, потврден е нов случај. Позитивен резултат на Ковид-19 имал жител на селото Неготино Полошко, општина Врапчиште.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, до денеска има 12 активни случаи од кои седум во гостиварската општина, пет во Врапчиште и ниту еден во Маврово и Ростуше.
Петмина се лекуваат во болнички услови, а останатите кои се без симптоми се дома.
Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране, каде се регистирирани вкупно пет лица.
Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезинфекција на објектот на ЈП Комуналец, според епидемиолошките протоколи.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 404 тестирања, а кај 30 случаи имаше позитивни резултати. Од последици од Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.
МИА/Фото: Општина Гостивар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 19 заразени со Ковид-19 во Куманово, 17 се од општина Липково
Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19
Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот